Кливленд доминираше во дербито на Истокот, Спарси немоќно без Вембањама (ВИДЕО)

Кошаркарите на Кливленд Кавалиерс ја демонстрираа својата моќ во дербито на Источната конференција, совладувајќи го Њујорк Никс (142-106) во пресметката на првиот и третопласираниот тим на табелата.

Лидерот на Истокот ги доби сите четвртини од натпреварот, а победата можеше да биде уште повисока доколку домашниот тим не го забавеше ритамот во завршницата. Донован Мичел беше најдобар кај Кавс со 27 поени, додека кај Њујорк, Џејлен Брансон постигна 26.

Во Западната конференција, Сан Антонио Спарс не успеа да дојде до триумф против Детроит Пистонс (110-125) во првиот натпревар по веста дека Виктор Вембањама нема да игра до крајот на сезоната поради проблеми со тромбоза. Иако „мамузите“ беа во игра до полувремето, Пистонси направија решавачка разлика во третата четвртина и рутински го приведоа натпреварот кон победа.

Кејд Канингем блесна со 25 поени и 12 асистенции за Детроит, додека Џејлен Дуран додаде 21 поен и 15 скока. Кај Сан Антонио, Келдон Џонсон беше најдобар со 28 поени, додека Дирон Фокс постигна 27.

РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Њујорк 142-106, Орландо – Мемфис 104-105, Вашингтон – Милвоки 101-104, Торонто – Мајами 111-120, Далас – Њу Орлеанс 111-103, Сан Антонио – Детроит 110-125, Хјустон – Минесота 121-115, Јута – Оклахома 107-130, Сакраменто – Голден стејт 106-132.