Се појави видео кое ги загрижи фановите: Ѓоковиќ ја обновил тешката повреда? (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа голем неуспех во Доха каде што беше елиминиран во првото коло од Италијанецот, Матео Беретини.

Ѓоковиќ не успеа да ја помине првата пречка ниту во двојки во тандем со Фернадо Вердаско, па така ја напушти катарската престолнина.

На социјалните мрежи се појави видео од Ѓоковиќ од аеродромот кое ги загрижи фановите на српскиот ас. Имено, на видеото кое го објави „АС“ може да се види како Ѓоковиќ има проблеми и не може нормално да се движи.

Медиумите пишуваат дека Ѓоковиќ во Доха ја обновил повредата на задната ложа.