Чурлинов, Николов и Шишковски ги дознаа противниците за осминафиналето во КЛ

Денеска беа извлечени осминафиналните парови и за Конференциската лига во која имаме тројца фудбалери, Николов и Шишковски со Борац Бања Лука и Чурлинов со Јагелонија.

Борац Бања Лука го доби Рапид, а Јагелонија ќе игра против Серкл Бриж.

Главниот фаворит за титулата, Челси ќе игра против Копенхаген.

Осминафинале Конференциска лига:

Бетис - Виторија
Целје - Лугано
Борац Бања Лука - Рапид
Молде - Легија
Јагелонија - Серкл Бриж
Панатенаикос - Фиорентина
Пафос - Ѓургарден
Копенхаген - Челси