Ван Перси ќе го тренира тимот каде што стана професионален фудбалер

Легендарниот Робин Ван Перси добива нов тренерски ангажман, односно во иднина ќе го води тимот на Феенорд.

Ван Перси ќе го замени Паскал Боскарт, иако тој со Феенорд успеа да го шокира Милан во Лигата на шампиони (ЛШ).

Поранешниот фудбалер веќе се договорил со тимот каде што ја почна и заврши професионалната кариера, па така треба да потпише соработка до 2027 година.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Ван Перси ќе почне со работа во Феенорд од 22 февруари.