Велковски: Бриксен игра модерен и европски ракомет, не е за потценување

Екипата на Алкалоид в сабота од 18:00 часот ја очекува реваншот против италијански Бриксен во кој македонскиот претставник ќе брани предност од 12 гола во првиоте натпревар (22-34), па така се очекува само да го потврди пласманот во следната фаза.

Ракометарот на Алкалоид и репрезентативец на Македонија, Мартин Велковски очекува уште еден одличен настап на македонскиот претставник.

„Не чека реваншот против вицешампионот на Италија. По првиот натпревар резултатот е навистина убедлив, но не доминиравме така во целиот натпревар. Бриксен игра модерен ракомет и не е за потценување. Очекуваме да победиме и ја повикуваме публиката да ни даде поголема поддршка за заедно да се радуваме. Првиот меч се играше во високо темпо и затоа имаше толку многу голови. Ќе се обидеме да ја продолжиме победничката серија во Европа“, изјави Велковски.