Леброн му покажа на Брони како треба: На 40 години изведе спектакуларно забивање! (ВИДЕО)

Леброн Џејмс и на 40 години игра фантастична кошарка, а изминатата вечер во поразот на Лос Анџелес Лејкерс се истакна со едно спектакуларно забивање со кое успеа да ја крене публиката на нозе.

Не помогна Леброн со своите 26 поени, 11 асистенции и седум скокови за Лејкерс да го избегне поразот од Шарлот (100:97), меѓутоа дефинитивно го имаше потегот на мечот.

Успеа Леброн спектакуларно да забие преку противнички кошаркар и со тоа предизвика воодушевување и кај својот син, Брони кој беше на клупата.