Гвардиола има кошмарна сезона - никогаш досега не загубил 13 меча!

Манчестер сити беше елиминиран од Реал Мадрид во плејофот од Лигата на шампиони (ЛШ), откако загуби и во реваншот со 1-3, а тоа ја продолжи агонијата на тренерот Пеп Гвардиола кој има ужасна сезона со гигантот.

Гвардиола доживеа дури 13 порази оваа сезона во сите натпреварувања, а според статистиката на „ОптаЏо“ тоа е најмногу во неговата кариера.

Стратегот на „граѓаните“ никогаш досега во кариерата не успеал да загуби 13 натпревари во една сезона, но допрва има да се игра во Премиерлигата, па така Пеп би можел и да го „поправи“ негативниот рекорд.