
Чудо од дете: Јамал има само 17 години, а веќе стигна до бројката од 100 натпревари во кариерата
Иако има само 17 години, тој синоќа го одигра 100. натпревар на сениорско ниво во својата кариера. Од нив, 83 настапи забележа за Барселона, а 17 за шпанската репрезентација при што запиша вкупно 21 гол и 28 асистенции од своето деби во април 2023 година.
Со 17 години, веќе има титула во шпанското првенство и во шпанскиот Суперкуп со Барселона, како и од Европското првенство со репрезентацијата на Шпанија. Освен тоа, освои низа индивидуални признанија од кои најзначајни се оние за најдобар млад фудбалер на ЕУРО 2024 и најдобар млад фудбалер во светот за 2024 година.