Марко Трајановски стана европски шампион во ММА

Македонскиот борец Марко Трајановски освои златен медал на Европското првенство (ЕП) во ММА, кое се одржа во Белград, Србија.

Трајановски се бореше во категоријата до 83,9 килограми, во групата 13 каде што имаше противници од Бугарија и Романија, по што во финалето беше подобар од ривалот од Италија.