Навивач го шокираше Лилард на Ол-стар вечерта и освои 100.000 долари (ВИДЕО)

Во НБА лигата изминатата вечер се одржа Ол-стар турнирот на кој имаше и одлична забава, а еден навивач си замина дома со 100.000 долари.

Навивачот успеа да го изненади Демијан Лилард кој шутираше три тројки од кои погоди две, додека тој се предели за еден шут од половина терен за „се или ништо“.

Требаше навивачот само да го погоди шутот од половина терен и да добие 100.000 долари и на крајот успеа во тоа.

Ниту самиот не можеше да верува што му се случи, а откако топката помина низ обрачот следуваше големо славје.