Севиља го прегази Ваљадолид на кој се чини дека му нема спас! (ВИДЕО)

Севиља со убедливи 4-0 победи на гостувањето кај Ваљадолид кој е закован на дното во Ла Лига и тешко дека ќе може да излезе од таму.

Севиља даде по два гола во секое полувреме. Поведоа со погодок на Санчез уште во петтата минута, а пред крајот на првиот дел зголеми Ромеро на 2-0.

Во 67. минута Санчез даде нов гол, овојпат за 3-0, а Лукебакио на шест минути до крајот ги постави конечните 4-0.

Ваљадолид е на последната позиција со само 15 бодови, дури осум помалку од првата екипа која е над зоната за испаѓање.