Англиски второлигаш 11 натпревари во низа е без примен гол

Eкипата на Барнли е во фантастична низа на натпревари без примен гол и вчера против Престон го одигра 11-тиот натпревар во првенството на кој не прими гол.

Натпреварот заврши без победник 0-0 и вкупно чуварот на мрежата на Барли, Џејмс Трафорд остана несовладан на 24-тиот натпревар во сезоната, но и 11-ти во низа.

Колку добро игра Барнли во одбраната покажува и тоа што на овие 11 натпревари дозволија само 21 удар кон својот гол. Со низата од 11 натпревари, Барнли го изедначи рекордот на Квинс Парк Ренџерс од сезоната 2010/2011 кога завршија како првопласирани.

„Одлично е кога сте добри во одбраната, затоа штоа ко не постигнете гол, барем не сте загубиле. Овоивме бод благодарение на тој рекорд кој го поставивме“, изјави Џош Кален, фудбалерот на Барнли од средниот ред.

На табелата Барнли е на третата позиција со 65 бода, четири помалку од Лидс и пет од лидерот Шефилд.