ТСЦ се договори со Спартак - ќе го купи Тодороски за 450.000 евра!

Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски си заминува од Спартак Суботица и во иднина ќе го носи дресот на ТСЦ Бачка Топола, објавија српските медиуми.

ТСЦ Бачка Топола се договорила со Спартак да му исплати 450.000 евра за потписот на македонскиот напаѓач, а исто така ќе им даде и 20 отсто од следната продажба на фудбалерот.

Тодороски оваа сезона настапи на 19 натпревари и постигна шест голови, а претходно во кариерата играше за неколку тимови во Австрија.