![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/13/248368-barashe-15-milioni-evra-od-semejstvoto-na-shumaher-dobi-trigodishna-zatvorska-kazna.jpg?itok=9hii_99B)
Бараше 15 милиони евра од семејството на Шумахер, доби тригодишна затворска казна
Најлошо помина Јилмаз Т. кој бил и лидер на групата и кој од семејството Шумахер барал 15 милиони евра за да не објави во јаност фотографии и снимки од повредениот Михаел. Неговата архива опфаќа 900 фотографии и 583 приватни снимки, како и сите информации во врска со здравствената состојба на поранешниот седумкратен светски шампион во Формула 1.
Во затвор заврши и неговиот син Даниел, но тој зад решетки ќе остане шест месеци, додека работникот на обезбедувањето на имотот на Шумахер во Швајцарија, Маркус Ф. доби двегодишна затворска казна поради продажба на фотографиите на уценувачот за петцифрена сума.
Михаел Шумахер повеќе од 11 години е далеку од очите на јавноста, откако во декември 2013 година доживеа тешки повреди на главата на скијање во Франција.