Колина по 23 години призна: Намерно ги прекршив правилата во финалето на Мундијалот

Познатиот италијански судија Пјерлуџи Колина по 23 години призна дека намерно го прекршил правилото во финалето на Светското првенство во 2002 година во кое играа Бразил и Германија.

Мундијалот се играше во Јужна Кореја и Јапонија, а Колина по секоја цена сакал да си ја земе топката од финалето, па оставил да се игра малку подолго.

„Досудив крај 13 или 14 скунди подоцна, без оглед на резултатот. Сакав да бидам сигурен дека ќе можам да ја земам топката за да ја однесам дома“, призна Италијанецот во разговорот за „Република“.

Интересно е што на сите фотографии од сцечената церемонија може да се види Колина со топката во раце и буквално не се одвојуваше од неа.

Еден од членовите на организацискиот тим се обиде да му ја одземе топката, но Колина цврсто се спротистави. На крајот ја исполни својата желба и ја однесе дома топката од Мундијалот.