Брера се засили со напаѓач од Габон

Eкипата на Брера Струмица промовираше ново засилување во своите редови, Фахд Нзенгуе од Габон.

Станува збор за напаѓач кој има 24 години и во изминатите три сезони настапуваше во Словенија за екипата на Приморје и второлигашот Табор Сезана.

Претходно кариерата ја започна во Моунана од неговата татковина.

Струмичкиот клуб денес претходно се засили и со Фодеј Трафали кој е фудбалер од средниот ред и доаѓа од Гамбија, а во минатото бил и младински репрезентативец на оваа земја.