Омерагиќ се сретна со Чеферин: Со фондовите на УЕФА да го развиеме македонскиот фудбал! (ФОТО)

Претседателот на фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ заедно со дел од останатото раководство на ФФМ оствари средба со првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Средбата се одржала во Нион, а Омерагиќ пред Чеферин ги претставил целите кои ФФМ ги има поставено во наредниот период кои се однесуваат на: инвестиции во инфраструктура, реформите во македонскиот фудбал и изградба, реконструкција и обнова на фудбалските терени во нашата држава.

“Би сакал да изразам задоволство од овој конструктивен начин на комуникација со водечките луѓе во европскиот фудбал. Имавме прекрасен состанок и срдечен пречек од првиот човек на европскиот фудбал и еден од неговите најблиски соработници, Зоран Лаковиќ. Споделивме многу корисни и вредни информации за состојбата во нашиот фудбал и отворено разговаравме за клучните теми, што покажува дека претседателот Чеферин и раководството на УЕФА ги ценат мислењата на сите земји членки.  Постои почит и огромна желба меѓу нас да ги најдеме најдобрите решенија за одредени предизвици со кои се соочуваме, за да продолжиме да го развиваме фудбалот на најдобар можен начин. Тоа првенствено се однесува на УЕФА инвестициските фондови и реформите во нашиот фудбал кои ни следуваат. Мора да дејствуваме веднаш за да избегнеме несакани работи и да тргнеме во позитивен тренд и нови успеси, изјави претседателот на ФФМ”, изјави Омерагиќ.