![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/12/238353-mitrevski-kje-bide-teshko-vo-lisabon-no-pelister-sekogash-odi-na-pobeda.jpg?itok=FIZzktgB)
Митревски: Ќе биде тешко во Лисабон, но Пелистер секогаш оди на победа!
Пелистер оваа сезона ги освои првите бодови во Лигата на шампионите, битолскиот тим за разлика од лани сега делува многу подобро и се бори за место во елиминациската фаза.
Следен противник за Пелистер е Спортинг, а ако некој го познава овој тим и португалскиот ракомет воопшто, тоа е Никола Митревски кој бранеше за Порто.
„Спортинг е многу незгоден противник кој во изминатите години воден од браќата Коста игра одличен ракомет и во нападот и во одбраната. Ќе биде тешко да се игра во Лисабон. Ние на секој натпревар одиме на победа без разлика каде играме. Добро се подготвуваме за натпреварот и ќе го дадеме максимумот“, вели Митревски во изјава за „ЕХФ“.
„Одиме без притисок, имаме математики за да ја минеме групата. Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар. Големите екипи секогаш имаат период со многу натпревари, играчите се навикнати на тоа. Сите во ЛШ имаат ист календар. Може да е проблем за домашното првенство, но сме го поминале ова“.