Микаела Шифрин победи во Залбах и го освои седмото злато на светските првенства

Легендарната Мкаел Шифрин ја продолжи низата на медали на големите натпреваруваа и освои златен медал на шампионатот кој се одржуваше во Залбах Австрија.

Шифрин со сонародничката Бризи Џонсон триумфираше во новата скијачка дисциплина, тимска комбинација во кој две скијачки од иста држава се натпреваруваа во тандем, едната во слалом, а другата во спуст.

На слаломот Шифрин имаше трето најдобро време, додека Џонсон беше четврта во спуст, а заеднички имаа најдобро вкупно време од сите натпреварувачки.

За Шифрин ова беше 14. медал на светските шампионати и половина од нив се златни.