Филип Бошковски по три години се врати во Битола

Екипата на Пелистер денеска го потврди враќањето на Филип Бошковски кој во битолскиот клуб се враќа по три години.

Бошковски е 24-годишен десен бек кој по потреба може да помогне и на спротивната страна. Пелистер го напушти во 2022 година кога се пресели во Работнички.

„Спремен сум за нови предизвици во мојот омилен дрес, здрав сум, и желен за да се докажам во зелено-белиот дрес“, кизјави Бошковски по потписот.

Во Пелистер пристигнува од грузиското првенство каде што го носеше дресот на Самтредиа.