„Кловнот не може да стане крал, туку палатата станува циркус“

Сопственикот на Далас маверикс, Патрик Думонт ги откри причините поради кои го „избркал“ Лука Дончиќ од клубот, а тоа не му се допадна на Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс.

Леброн на социјалните мрежи објави свој коментар на изјавата на Думонт, кој кажа дека нема место за мрзеливи кошаркари во Далас.

„Кога кловнот ќе се пресели во палата, тој не станува крал, туку палатата станува циркус“, објави Леброн по изјавата на првиот човек на Далас.