
Симеоне: Барселона е најдобар тим во Ла Лига!
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне по мечот против градскиот ривал кажа дека оваа сезона најдобар тим во Ла Лига е Барселона.
„Инсистирам на тоа дека Барселона е најдобар тим во Ла Лига. Напаѓаат со неверојатна брзина, имаат квалитетни фудбалери и тие се одлична екипа“, кажа Симеоне.
Реал е прв со 50 бодови, по што следи Атлетико со 49, додека Барселона има 45 поени, но и еден меч помалку од ривалите.