Најскапото промашување на Јунајтед блеска во Шпанија: Го постигна и својот првенец! (ВИДЕО)

Бразилецот Антони во Манчестер јунајтед ќе остане запаметен како едно од најскапите промашувања на „Олд Трафорд“, но само што замина од редовите на „црвените ѓаволи“ игра како препороден.

Уште на дебито за Реал Бетис, Антони беше прогласен за играч на натпреварот, а веќе денес во вториот натпревар го постигна и својот првенец.

На гостувањето кај Селта, Антони во листата на стрелци се запиша во десеттата минута.,