Гвардиола го одмора Халанд за Реал
Меѓу другите, во тимот не е ниту најдобриот стрелец во екипата Ерлинг Халанд кој доби поштеда пред многу поважниот натпревар кој следува. Во вторник Сити се среќава со Реал Мадрид во плејофот од Лигата на шампионите и на првакот на Англија му е потребен Халанд најсвеж и одморен.
„Граѓаните“ имаа среќа што викендов излегуваат против многу полесен противник од Реал кого вечер го очекува дерби со Атлетико на домашен терен.