Луис Енрике: Без Мбапе сме подобри и во одбрана и во напад!

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике излезе со храбра изјава велејќи дека без Килијан Мбапе тимот е подобар и во нападот и во одбраната.

ПСЖ со Мбапе не успеа да ја освои Лигата на шампионите, но доминираше во француското првенство, што беше и очекувано со оглед на големите инвестиции во тимот.

Оваа сезона ПСЖ до последното коло од лига фазата се тресеше дали ќе помине во нокаут делот, успеа тоа да го направи, а сега Луис Енрике се расфрла со многу храбри изјави.

„Минатата сезона бев храбар кога ви реков дека ќе бидеме подобри во нападот и одбраната без Мбапе. Сега бројките го потврдуваат тоа. Сите го сакаат Килијан, но тимот реагира позитивно по неговото заминување. Сега повеќе играчи постигнуваат голови, зрелоста е на повисоко ниво“, вели Луис Енрике.