![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/07/247985-real-i-vinisius-pochnaa-pregovori-no-se-daleku-od-nov-dogovor.jpg?itok=95T60ziT)
Реал и Винисиус почнаа преговори, но се далеку од нов договор
Првите впечатоци не се добри и заклучокот е дека двете страни се далеку од продолжување на соработката. Актуелниот договор меѓу Винисиус и Реал е потпишан во 2023 година, а важи до 2027 со тоа што Бразилецот има годишна плата од 21 милиони евра. Логично е што сега очекува значитечно зголемување, особено поради понудата од Саудиска Арабија која е 200 милиони евра по сезона, но Реал не е подготвен да го направи најплатен во тимот.
Време за преговори има доволно, но двете страни најдоцна до лето сакаат да знаат на што се и потоа, евентуално, да преземат нови чекори.