Депај се извини: Возев пијан, требаше да земам такси...
Депај бил запрен од полицијата во август минатата година додека се враќал од ноќен клуб и во себе има 1.01 примили алкохол во крвта. Поранешниот репрезентативец на Холандија ќе мора да плати и парична казна во износ од 9.000 евра, а ќе му биде одземена и возачката дозвола на две години.
„Би сакал да се извинам. Минатото лето во текот на одморот во Монако направив грешка и возев по неколку испиени пијачки. Требаше да земам такси. Преземам одговорност за своето однеување, ова е лекција која сигурно ќе ја научам. Во иднина ќе бидам подобар“, објави Депај.
Депај во овој момент е член на Коринтијас од Бразил, но не игра во најдобра форма и на последните пет натпревари забележа само една асистенција.