Халанд потпиша договор на девет години, а може да си замине од Сити претстојното лето

Пред неколку недели Манчестер Сити се пофали дека го продолжил договорот со Ерлинг Халанд до 2034 година, но и покрај тоа би можел да остане без норвешкиот ас на крајот од оваа сезона.

Клубот од Етихад мошне добро се обезбеди бидејќи до 2029 година не постои откупна клаузула за напаѓачот, но затоа има една проблематична ставка на која веројатно никој во клубот не размислувал кога се потпишувал договорот. Ако Сити не биде во топ-4 од Премиер лигата и не обезбеди пласман во Лигата на шампионите, Халанд е слободен да си замине веќе претстојното лето.

Во моментов, англискиот првак е на петтата позиција која не носи во ЛШ, а постои опасност дури и да испадне од Премиер лигата ако биде казнет по 115. обвиненија за што одлуката треба да биде донесена во март.