![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/07/247946-ramos-promoviran-vo-meksiko-kje-nosi-93-vo-chest-na-real-madrid.jpg?itok=DFh_KbhI)
Рамос промовиран во Мексико, ќе носи 93 во чест на - Реал Мадрид
Во Монтереј, каде што беше промовиран ноќеска, ќе игра со бројот 93 на грбот што за многумина беше изненадување, но и непознаница. Мораше да се огласи Реал Мадрид за да објасни која била причината за ваквата одлука на ветеранот.
„Серхио Рамос ќе игра за Монтереј. Легендата на нашиот клуб избра да носи 93 во новиот клуб поради голот во 93. минута на кој сите се сеќаваме. Тоа е посвета на нашите навивачи и секогаш ќе му бидеме благодарни на Серхио за тоа“, објави Реал Мадрид.
Станува збор за голот за израмнување во финалето од Лигата на шампионите во 2014 година против Атлетико, кој Рамос го постигна во 93. минута и се избори за продолжение. Реал потоа славеше со 4-1 и ја почна серијата од шест титули во елитното натпреварување во период од 11 сезони. Рамос учествуваше во освојувањето на четири од нив.