Ливерпул ќе го брани трофејот во англискиот Лига куп (ВИДЕО)

Вторпат по ред и трет во последните четири сезони, екипата на Ливерпул обезбеди пласман во финалето од англискиот Лига куп.

По поразот во првиот меч со 0-1, „црвените“ вечерва на домашен терен го совладаа Тотнем со 4-0 и обезбедија место во мечот за трофејот кој ќе се игра на 16 март на Вембли. Повторно централна фируа на натпреварот беше Мохамед Салах кој во 34. минута му асистираше на Гакпо за 1-0, а во 51. погоди од пенал за предност која уште тогаш беше доволна за пласман во финалето. До крајот голови постигнаа уште Собослаи и Ван Дајк за убедлив триумф на лидерот на табелата во Премиер лигата.

Во финалето Ливерпул ќе игра против Њукасл кој беше подобар од Арсенал со вкупни 4-0. Ливерпул ќе се бори за 11., а Њукасл за првиот трофеј во англискиот Лига куп.