![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/06/247929-nova-katastrofa-na-kralevite-real-povtorno-e-nadvor-od-plejof-zonata.jpg?itok=egHMXvjM)
Нова катастрофа на „кралевите“: Реал повторно е надвор од плејоф зоната
„Кралевите“ се поразени од Фенербахче со 67-78 и во последните осум кола ќе се обидат да избегнат тотален дебакл со евентуално неиграње во плејофот од елитното натпреварување. По 26 кола, Реал има биланс 13/13, а разликата со шестопласираниот тим во моментов изнесува три победи.
Незадржлив за Реал беше ветеранот Ерик Мекалум кој иако има 38 години, одигра одличен натпревар и постигна 19 поени од кои 11 во првата четвртина. Фенербахче заврши огромна работа во вториот период кој го доби со 24-12 и тука создаде клучна разлика.
Фенербахче останува на второто место на табелата со биланс 17/8, само една победа помалку од лидерот Олимпијакос.
РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче - Реал 78-67
Алба - Црвена Звезда 71-77
Жалгирис - Олимпија Милано 87-89
Панатинаикос - Анадолу Ефес 104-89
Баерн - Асвел 76-67