![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/06/247937-barselona-so-petarda-do-polufinaleto-od-kopa-del-rej-video.jpg?itok=tz5rq9bo)
Барселона со „петарда“ до полуфиналето од Копа дел Реј (ВИДЕО)
„Каталонците“ славеа со 5-0 што значи дека за 11 дена ѝ дадоа дури 12 гола на екипата која порано беше и шампион на Шпанија, а сега се бори за опстанок во Ла Лига. Се беше решено по половина час игра, период во кој Барса веќе водеше со 4-0 при што три гола постигна Феран Торес, а еден Фермин Лопес. Ламин Јамал во 59. минута го постави конечниот резултат на овој натпревар.
На голот на Валенсија вечерва беше македонскиот репрезентативец голман Столе Димитриевски на кого може да му се забележи само за петтиот гол на Барса, но и тогаш топката удри во еден негов соиграч и ја промени траекторијата кон голот. Затоа, Димитриевски спаси историска катастрофа на Валенсија бидејќи во финишот од мечот одбрани три зицери на гостинските фудбалери.
Во полуфиналето од Копа дел Реј, покрај Барса, ќе играат уште Сосиедад, Атлетико и Реал, а ждрепката ќе се одржи на 20 февруари.