Фиорентина го растури Интер и му направи огромна услуга на Наполи (ВИДЕО)

Екипата на Фиорентина славеше со 3-0 против Интер во доигрувањето од прекинатиот натпревар кој беше на програмата на 1 декември.

На тој меч, на теренот колабираше Едоардо Бове, па дуелот беше прекинат во 17. минута, во момент кога немаше голови. Денеска продолжи од 17. минута, а подобро се снајде Фиорентина која со овој триумф стигна до четвртата позиција на табелата.

Се што беше важно се случи во првото полувреме, почнувајќи од 60. минута. Раниери го отвори резултатот по што Кеан со два гола го запечати дебаклот на актуелниот шампион на Италија. Со ова Фиорентина му направи огромна услуга на Наполи кој сега е осамен на врвот, со три бода предност пред Интер.