Поранешен репрезентативец на Македонија емотивно се збогува со фудбалот (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец, Ферхан Хасани, денеска официјално ја заврши својата богата фудбалска кариера, откако со емотивно писмо до фанвоите ја соопшти одлуката на својот Инстаграм профил, изразувајќи благодарност кон сите што го поддржувале низ годините.

Популарниот „Буба“ кариерата ја започна во Шкендија, а неговиот талент го одведе во реномирани клубови како Волфсбург, Брондби, Ал-Раед, ХЈК Хелсинки, Партизани Тирана и Хелсингор, каде што го одигра својот последен натпревар.

Во дресот на македонската репрезентација запиша 43 настапи и два гола, но најнезаборавниот момент останува неговиот погодок против Италија во Скопје, кога со прецизен удар од 17 метри го матираше легендарниот Џанлуиџи Буфон.