![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/06/247920-chudesno-nadal-so-edna-biznis-zdelka-zaraboti-rechisi-kolku-za-cela-teniska-kariera.jpg?itok=Xmb4pKuG)
Чудесно: Надал со една бизнис зделка заработи речиси колку за цела тениска кариера!
Уделот на Надал сега е во рацете на инвестицискиот фонд „ГПФ“, но за сега нема информации за идните планови за академијата. И додека продажбата на акциите се покажала како успешна инвестиција, треба да се напомене дека тениската академија на Надал доживеала пад на приходите за 39,9 отсто во 2023 година, со вкупни приходи од 21,95 милиони евра, во споредба со 36 милиони на крајот на 2022 година. Ова доаѓа во контекст на кариерата на Надал, кој во текот на својата тениска кариера заработил вкупно 135 милиони долари од настапи на турнири.
Од пензионирањето, Надал ја насочува својата енергија во бизнисот, а се чини дека неговата прва голема инвестиција во академијата е веќе извонредно профитабилна.