Легендарниот Уве Генсхајмер се збогуваше со ракометот

Легендата на германскиот ракомет, Уве Генсхајмер со прошталниот меч помеѓу Рајн Некар  Левен и тимот одбран од него се збогуваше од ракометот.

Тимот на Уве на крајот победи со 38-36, а во него играа ѕвезди како: Волф, Апелгрин, Рајхман, Вајнхолд, Винчек...

Мечот со кој Генсхајмер се збогуваше се одигра во Манхајм пред 13.200 гледачи.

Во кариерата настапуваше само за два клуба, Рајн Некар и ПСЖ, додека за Германија настапи на 204 натпревари.