Нема крај на лошите вести за Анчелоти: Се повредил и Мбапе

За Карло Анчелоти и Реал Мадрид, како да нема крај на лошите вести, а последна во низата е дека натпреварот против Леганес во четвртфиналето од Купот на Шпанија ќе го пропушти и Килијан Мбапе.

Италијанскиот стратег на денешната прес-конференција потврди дека Мбапе ќе отсуствува поради повреда на потколеницата.

„Вчера му дадовме на Мбапе еден ден дополнително да се опорави, денес тренираше нормално, но има хематом во листовите и нема да биде достапен за утре“, изјави Анчелоти.

Мбапе се повреди во натпреварот против Еспањол откако стрелецот на победничкиот гол Карлос Ромеро имаше груб старт над него. Од Реал сметаа дека во таа ситуација, Ромеро требало да биде и исклучен.

„На тој натпревар се случија некои работи за кои немаме објаснување, а бидејќи судиите не натправија ништ, бараме објаснување“, изјави Анчелоти на прашањето за жалбата која ја испрати Реал Мадрид до Фудбалската федерација за арбитражата во овој дуел.

Во натпреварот против Еспањол се повреди и Рудигер кој беше заменет по 15 минути игра, додека клубот од Мадрид денес соопшти дека надвор од комбинација за настап во наредниот период повторно ќе биде Давид Алаба.