Вилијан се врати во Премиер лигата
Трансфер инсајдерот, Фабрицио Романо објави дека Вилијан ги поминал медицинските прегледи и како слободен фудбалер ќе му се приклучи на Фулам. Дресот на Фулам, Вилијан претходно го носеше две години од 2022 до 2024 година.
Во кариерата претходно Вилијан во Англија беше дел уште од Арсенал и Челси, а настапуваше и за: Анжи, Шахтјор и Коринтијас.