Роналдо: Можев да играм за Барселона, но го одбрав Манчестер јунајтед!

Во интервју за каналот „Ел Чирингито“, Кристијано Роналдо вели дека пред да заминел во Манчестер јунајтед, можел да потпише за Барселона.

Роналдо е вистинска легенда на Реал Мадрид, најдобриот играч на кралскиот клуб на сите времиња, но неговиот пат можел да биде сосема поинаков доколку потпишел за Барса.

„Можев да играм за Барса пред да отидам во Манчестер јунајтед“, открива Роналдо.

„Бев во Спортинг и тие се обидоа да ме купат. Тие ме сакаа, но една година подоцна… потоа се појави Манчестер јунајтед“.

Роналдо вели дека додека бил играч на Реал Мадрид сакал да игра за на Камп Ноу.

„Сакав да играм на Камп Ноу. Тие ме свират, ме навредуваат и јас го сакам тоа“.

„Реал Мадрид секогаш ќе ми биде во срцето, тоа беше тимот каде што бев најсреќен“.

„Направив важни работи таму, прекрасни работи и затоа луѓето нема да заборават. Кога ќе оставите наследство и белег, луѓето не забораваат“.

Роналдо смета Винисиус ја заслужил Златната топка, но Португалецот не бил изненаден од исходот.

„Вини заслужи да ја добие Златната топка, но не сум изненаден, не бидејќи поради мојата историја со оваа награда, туку затоа што нема кредибилитет манифестацијата“.