„Дончиќ плачеше од мака кога дозна за трејдот, неодамна купи куќа од 15 милиони долари“ (ВИДЕО)
Најдобар доказ за тоа е зделката од минатата недела кога купил куќа од 15 милиони долари. Тоа го откри неговиот поранешен соиграч Чендлер Парсонс кој изворно пренесе како се чувствувал Дончиќ во моментот кога сознал дека е отфрлен.
„Лука Дончиќ тукушто купи куќа од 15 милиони долари, тоа беше договорено минатата недела во Далас. Плачеше од мака кога дозна дека е трејдуван“, раскажа Парсонс кој додаде дека Словенецот не му верува ни на тренерот Џејсон Кид кога вели дека не знаел за трејдот и дека Нико Херисон во тајност ги водел преговорите.
Во тимот на Далас, Дончиќ беше 6,5 години, а најголемиот успех го оствари минатата сезона кога го однесе тимот до финалето на НБА лигата.