Челси со пресврт до победа над Вест Хем во лондонскиот дуел (ВИДЕО)

Грем Потер со Вест Хем не успеа да го изненади неговиот поранешен тим, чеканите загубија со 2-1 од Челси на Стемфорд Бриџ.

Вест Хем имаше водство благодарение на Боуен кој погоди во финишот од првото полувреме.

Мареска направи неколку измени, во текот на вториот дел, а тоа вроди со плод. Во 64. минута токму нововлезениот Нето постигна погодок за израмнување на 1-1.

Десет минути подоцна Палмер шутираше од косо, топката го удри Ван Бисака и заврши во голот на Вест Хем за комплетен пресврт и победа на Челси од 2-1.