Рано е за пензија: Рамос ќе игра во Мексико

Легендарниот шпански фудбалер Серхио Рамос бил на медицински прегледи и ќе потпише договор со Рајадос де Монтереј, објави „Марка“.

Рамос ќе им се приклучи на Серхио Каналес и Оливер Торес, додека тренер ќе му биде Мартин Демикелис.

Многумина шпекулираа дека Рамос ќе замине во пензија, меѓутоа Шпанецот очигледно смета дека е рано за такво нешто.