Хумелс на интересен начин го искоментира трејдот на Дончиќ (ФОТО)

Неочекуваниот трејд на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс предизвика реакции ширум светот, а еден од тие кои оставија коментар е искусниот фудбалер Матс Хумелс.

Хумелс испрати кратка порака на социјалните мрежи и јасно порача што мисли за овој трејд на словенечкиот кошаркар.

„Му благодарам на Бог што вакви трејдови не се случуваат во фудбалот“, напиша фудбалерот.

Дончиќ се пресели во Лос Анџелес, додека во спротивна насока замина Ентони Дејвис.