Претседателот на УФЦ: Секој кој го почитува Хитлер не е нормален!
Мичел неодамна во подкаст кажа дека Хитлер бил „добар човек“ и притоа даде контроверзни коментари кои предизвикаа реакција.
Вајт кажа дека зборувал со Мичел за кој смета дека нема доволно познавање од историјата.
„Веднаш зборував со него и му кажав што мислиме за тоа. Кажа грозни работи и навистина му е потребна лекција за Хитлер. Тој е еден од најлошите личности во историјата и секој кој го почитува не е нормален“, вели Вајт.