Нова лудост на Саудијците: Брајтон добил понуда од 107 милиони евра!
Имено, медиумите пренесуваат дека до Брајтон во текот на денешниот ден пристигнала понуда во вредност од 65 милиони евра за Митома, но таа веднаш била одбиена.
Сепак, саудискиот клуб не се откажал и како што се пишува веднаш ја зголемил понудата за цели 42 милиони евра. Да, клубот на Роналдо сака да го доведе Митома за неверојатни 107 милиони евра.
Нема дилеми дека ова е понуда која Брајтон тешко би можел да ја одбие, Јапонецот во клубот пристигна во 2021 година и беше платен три милиони евра.
Исто така Митома би станал и најскапиот фудбалер во историјата на Брајтон.
Претходно денеска во медиумите се најавуваше и дека Џон Дуран од Астон Вила е пред трансфер во Ал Наср за 77 милиони евра.
🚨🟡 Al-Nassr's final offer for Kaoru Mitoma (27) will be worth up to £90m, reports @jamesbenge. 🇯🇵 pic.twitter.com/Fvfi0wBOQA
— EuroFoot (@eurofootcom) January 30, 2025