Ѓорческа поразена од првата носителка на турнир во Франција

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа беше поразена од Џесика Понше на стартот на силен турнир во Франција.

Ѓорческа даде отпор против француската тенисерка во првиот сет и се држеше до 3-3, по што во завршницата Понше успеа да слави со 6-4.

Македонската тенисерка во вториот сет сервираше многу лошо, а тоа го искористи Понше која два пати направи брејк и славеше со 6-1.