Џерард ги спакува куферите и замина од Саудиска Арабија

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард не се прослави како тренер во Саудиска Арабија, па реши да го напушти Ал-Етифак по лошите резултати.

Медиумите пишуваат дека Џерард побарал да замине од клубот, а управата му го одобрила барањето и ја прекинало соработката.

Тренерот сакал да замине од Ал-Етифак уште во текот на летото, но раководството го убедило да остане уште неколку месеци.

Ал-Етифак се наоѓа на 12. место во саудискиот шампионат, што е вистинско разочарување со оглед на тоа дека беа вложени многу пари на засилувања.