Фудбалерките на тренинг камп во Дојран пред натпреварите со Косово

Во период од 31 јануари до 3 февруари најдобрата македонска женска фудбалска репрезентација ќе одржи тренинг камп во Дојран.

Тренинг кампот ќе биде подготовка за натпреварите со Косово од Лигата на Нации кои ги очекуваат фудбалерките во февруари.

Фудбалерките во текот на подготовките ќе одиграат и два контролни натпревари со селекцијата до 17 години која исто така ќе се подготвува во Дојран.

Овој собир за селекторот Алекснадар Андов ќе биде можност и за селектирање на нови имиња во репрезентацијата од домашното првенство.

Голмани:

Викторија Пачурува   Тиверија Брера

Кристина Павлоска   Топ Гол

Одбрана:

Ана Милчевска   Грузија

Ане Бошевска   Тиверија Брера

Павлинка Николовска   Тиверија Брера

Викторија Недева   Тиверија Брера

Сара Коларовска   Скопје 2014

Слаѓана Ѓоргиева   Тиверија Брера

Катерина Петкова   Истатов

Александра Јовановска   Љуботен

Среден ред: 

Ива Јосифова   Тиверија Брера

Радица Велкова   Каменица Саса

Хава Мустафа   Љуботен

Александра Марковска   Љуботен 

Ива Јовановска   Љуботен

Васка Василева   Каменица Саса

Александра Терзиски   Тиверија Брера

Стефанија Маринковска   Каменица Саса

Напад:

Билјана Паневска   Брера Тиверија

Оливера Цоклеска   Ас Јунајтед