Конте има само една опција за наследник на Кварацхелија

Наполи го продаде Грузиецот, Кивча Кварацхелија на Пари Сен Жермен и е во потрага по негова замена, но тешко ќе ја пронајде.

Јасно е дека грузискиот фудбалер беше од огромна важност за целата екипа и незаменлив дел, а како негови можни наследници се споменуваат Карим Адејеми и Алехандро Гарначо.

Првиот му кажа „не“ на Конте и негова цел е да остане во Дортмунд барем до лета, а потоа да ги разгледа опциите.
Така единствена опција за Наполи останува Гарначо, но тука Јунајтед не попушта и за неговите услуги бара 65 милиони евра. Наполи наводно не е спремен да понуди повеќе од 55 милиони евра.

До крајот на зимскиот преоден рок нема уште многу време, па останува да видиме каков ќе биде исходот на преговорите.