Омерагиќ и Ристовски на средба во „Куќата на фудбалот“ (ФОТО)
Средбата се одржа во „Куќата на фудбалот“, а ффокусот на разговорот бил иницијативата на дввете институции насочени кон развојот на фудбалот и спортот во Македонија.
На средбата присуствуваше и генералниот секретар на ФФМ, Дрилон Ганиу.
„Нашата заложба е да ја поддржиме Федерацијата. Фудбалот е јавен интерес и мора да помогнеме обезбедувајќи правичност и раст на сите нивоа“, истакна министерот Ристовски.
„Ние сме луѓе од спортот и навистина не радува тоа што заедно со Министерството за спорт започнуваме ново ниво на соработка, професионализам и транспарентност. Ја цениме поддршката на владата во создавањето услови за развој на спортот. Една од клучните работи за која се согласивме е распределбата на средствата од Министерството за спорт наменети за клубовите. Еднаквиот третман за сите е наш приоритет и тоа ќе го реализираме. Имаме јасна визија за вложување во фудбалот и спортот воопшто, а кога имате партнер кој точно ги знае потребите, тогаш е многу полесно“, истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Тема на разговорот биле и натпреварите од домашната лика, привлекувањето на инвестици и подобрување на квалитетот на фудбалот во земјата.